ПРОГРАМА ЗА РАКОВОДИТЕЛИ НА СРЕДНО НИВО

Middle Management – Level 1

  • Менаџерски “tips & tricks” 1
  • Менаџерски “tips & tricks” 2
  • Лидерство и хиерархија
  • Коучинг

Времетраење: Еднаш неделно, по 4 часа, во времетраење од 1-2 месеци

Оваа напредна програма за раководители на средно ниво е досега испорачана на 30 групи или на 604 раководители.

Просечна оценка на програмата Middle Managament - Level 1
4.8
Базирано на 604 учесници

Middle Management – Level 2

  • Напредни комуникациски вештини и управување со конфликти
  • Управување со стрес
  • Управување со промени
  • Преговарање со вработените, претпоставените и клиентите
Времетраење: Еднаш неделно, по 4 часа, во времетраење од 1-2 месеци До сега, обуката Middle Management - Level 2 е спроведена на 11 групи или на 174 раководители на средно ниво.

Просечна оценка на програмата Middle Managament - Level 2
4.8

Базирано на 174 учесници

Middle Management – Level 3

  • Водење (на вработените) преку делегирање
  • Приоритизирање и ефикасно управување со времето
  • Управување со тимови и проекти
  • Следење и оценка на работењето на вработените (Performance appraisal)

Времетраење: Еднаш неделно, по 4 часа, во времетраење од 1-2 месеци.

Запознајте ги обучувачите

Јован Маџовски

Потпретседател за менаџмент, контрола и бизнис развој во – CEED Global

Јован има петнаесетгодишно работно искуство во меѓународни организации како што се US Peace Corps, USAID, UNDP, инвестицискиот фонд SEAF и ЕУ. Тој бил одговорен за проектен менаџмент на повеќемилионски проекти од областа на економскиот развој, поддршка на мали и средни претпријатија, микрофинасирање, инвестирање во удели во компании, и животна средина. Јован е доктор на економски науки – Управување со човечки ресурси и е овластен менаџмент консултант и тренер за човечки ресурси.
Весна Кардалевска

Сертифициран Capital Coach

Таа е двоен магистер по Југостисточно европски студии и Бизнис администрација, и менаџер со 20 години искуство во меѓународни организации. Како сертифициран специјалист за подобрување на човечки и институционални капацитети, Весна работи на организациски и човечки развој на компании. Фокусот го става на личен и професионален развој на претприемачи преку обуки за комуникациски вештини, вештини за справување во конфликтни ситуации и преку индивидуални и групни coaching сесии. Нејзината работа се заснова врз НЛП техники и методи на системски динамики.
Марина Анчевска

Извршен директор на Центарот за Бизнис психологија, Системски НЛП -ЈИЕ

Марина, е НЛП тренер, бизнис и личен коуч, сертифициран од страна на
Меѓународниот институт за применета
психологија Bureau Land & Partners во 2004 година. Таа е и меѓународно сертифициран холистички терапевт и Јога учител.

Зоран Јачев

Сертифициран менаџмент консултант (CMC)

Раководител и консултант на ЕУ ИПА проекти во областа на владеење на правото, поранешен високо позициониран раководител во четири министерства и поранешен дипломат, со долго и богато регионално искуство во обуки наменети на администрацијата, невладини организации и бизнис заедницата. Вкупно работно искуство од над 30 години во администрацијата, невладините организации, од кои 15 години како консултант, со одржани 6 обуки за преговарачки вештини на среден и висок менаџмент на македонски компании.

Заинтересиран си? За повеќе информации остави ги твоите детали или контактирај не.

    Sidebar