ПРОГРАМА ЗА МЕНАЏИРАЊЕ ПРОДАЖНИ ТИМОВИ

Сакаш да се подобрат резултатите на тимот за продажба?

Не си сигурен како да го мотивираш продажниот персонал?

Ти требаат практични совети за градење високоефективен продажен тим?

За кого: Оваа обука е наменета за раководители на продажни тимови.
Обуката е отворена и за лица кои не се членови на CEED Македонија.

Место на одржување: во живо и онлајн

Времетраење: Еднаш неделно, по 4 часа, во времетраење од 4 недели

Добиваш:

  • Менаџерски совети
  • Практични алатки
  • Сертификат

Теми на обуката:

  • Преговарачки вештини и алатки
  • Како ефикасно да се зголеми продажбата и позитивно да се влијае на клиентите
  • Менаџирање на продажни тимови и остварување на резултати преку други – евалуација, тренинг, коучинг и советување
  • Менаџирање на продажни тимови и остварување на резултати преку други – Делегирање

Просечна оценка на програмата Managament of sales teams
4.8

Базирано на 77 учесници

Запознај ги обучувачите

Зоран Јачев

Сертифициран менаџмент консултант (CMC)

Сертифициран менаџмент консултант (CMC), раководител и консултант на ЕУ ИПА проекти во областа на владеење на правото, поранешен високо позициониран раководител во четири министерства и поранешен дипломат, со долго и богато регионално искуство во обуки наменети на администрацијата, невладини организации и бизнис заедницата. Вкупно работно искуство од над 30 години во администрацијата, невладините организации, од кои 15 години како консултант, со одржани 6 обуки за преговарачки вештини на среден и висок менаџмент на македонски компании.
Јован Маџовски

Потпретседател за менаџмент, контрола и бизнис развој во – CEED Global

Јован има петнаесетгодишно работно искуство во меѓународни организации како што се US Peace Corps, USAID, UNDP, инвестицискиот фонд SEAF и ЕУ. Тој бил одговорен за проектен менаџмент на повеќемилионски проекти од областа на економскиот развој, поддршка на мали и средни претпријатија, микрофинасирање, инвестирање во удели во компании, и животна средина. Јован е доктор на економски науки – Управување со човечки ресурси и е овластен менаџмент консултант и тренер за човечки ресурси.
Драгиша Ристовски

Д.Р. Гилберт Центар, Србија

Има над 20 години искуство на позиции од комерцијалист до директор. Негова експертиза е директна продажба, мотивација на вработените и лидерство. Автор е на бестселерите: „Губат само оние кои не играт“, „Продажна арена“, и други објавени под псевдонимот Д.Р. Гилберт. Во бизнис круговите е познат како енергичен предавач, кој ги мотивира слушателите. Работи како консултант за унапредување на продажбата за реномирани компании, основач е на Академијата за комерцијална комуникација, и е креатор на 9 авторски програми за бизнис вештини.

Заинтересиран си? За повеќе информации оставете ги твоите детали или контактирај не.

    Sidebar