Новости

Потпишан „Меморандум за соработка“ помеѓу МКА и CEED Бизнис клуб

Горди сме за споделиме дека на 27.11.2023  потпишавме „Меморандум за соработка“ со Асоцијацијата на Менаџмент консултанти предводена од Претседателот г. Глигор Михаиловски, кој заедно со Претседателот на CEED Бизнис клубот на Северна Македонија г. Филип Димитровски се согласија да делуваат во најдобар интерес на членовите и градењето на нивните вештини и компетенции.

Со Меморандумот се предвидува зајакнување на соработката меѓу двете институции, навремена, непосредна и взаемна комуникација која ќе обезбеди размена на знаење, искуство, суштествени податоци и информации во насока на развојот на претприемништвото во нашата држава, како и вештините, компетенциите и водењето на приватните бизниси од страна на сопствениците на истите.

Со цел продолжување на традицијата и спроведување на редовната програма на CEED бизнис клубот GROW PLUS, одлучивме да ја збогатиме истата на начин на кој во програмата ќе поканиме вклучување на обучувачи од Асоцијацијата на Менаџмент консултанти, кои од стручна гледна точка се очекува да придонесат кон зајакнување на теоретскиот дел од програмата и нејзината практична примена. Очекуваме зајакнување на процесот на градење капацитети и менаџерски вештини кон сопствениците на бизнисите и извршните директори кои членуваат во CEED Бизнис клубот со цел по-ефикасно и по-профитабилно водење на нивните бизниси – вели Претседателот на CEED Бизнис клубот.

На наше задоволство оваа GROW PLUS програма во рамки на CEED Бизнис клубот ја спроведуваме повеќе од 15 години и истата е наменета за сопственици на бизниси и извршени директори, кои во форма на размена на искуство добиваат теоретско, практично, но и реално искуство, земено во предвид дека токму во оваа програма на секоја тема има најмалку двајца гости говорници од кои секогаш има најмалку еден претприемач, како и еден сертифициран консултант.

Програмата GROW PLUS е напредна едногодишна програма, која следува по завршување на GROW програмата, и е фокусирана на усовршување на персоналните и менаџерски вештини, што се од суштинско значење за секој претприемач.

Што претставува?

Бизнис група – ФАЗА GROW PLUS е програма која предвидува групни сесии за размена на искуствo фокусирани за претприемачи чиј главен предизвик е мултиплицирање на перформансите преку надминување на себе си, фокус и усовршување на персоналните вештини, персоналното делување, свесност и импакт.

Како изгледа?

Состаноци предводени од претприемачи, дополнително зајакнати со сопственици на бизниси кои воедно се и коучинг експерти во соодветната област, кои:

  • споделуваат свои знаења, искуства и научени лекции
  • даваат конкретни професионални совети од заедницата на претприемачи кои поминале низ исти или слични дилеми и предизвици во бизнисот
  • состаноците предвидуваат формирање на работни групи/workshops, кратки тренинзи и “case studies” со кои поттикнува усовршување на менаџерските вештини.
Теми и области на обработка:
  1. Водич за совладување на мајсторијата на лидерството
  2. Мерење на организациски перформанс преку користење на интерната комуникација
  3. Ситуациско лидерство и правилно менаџирање со луѓе на база на компетенции и мотивација
  4. Преку инспиративно лидерство до инспирирани клиенти и ефикасно зголемување на продажбата
  5. Иднината на работењето и фактори кои влијаат врз мотивацијата на клучните вработени
  6. Вештини за влијание кон луѓето, ефективно слушање и важноста од примена на коучинг како алатка  
  7. Градење компетитивна предност преку иновациски менаџмент во било кој бизнис
  8. Напредни преговарачки вештини и презентирање со импакт
  9. Бонус тема: ад-хок врз основа на потребите на членовите
Пријавите се отворени на [email protected] или телефонскиот број: tel:+38976496614