Блог

Размена на искуство

Размената на искуство е уникатна бидејќи е предводена од докажани бизнис основачи кои „го изоделе патот“. Состаноците ги предводат гости говорници кои ги споделуваат своите знаења за основање на бизнисите, искуства и научени лекции, помагаат да најдеме одговори за предизвиците со кои се соочуваме, притоа даваат конкретни професионални совети од заедницата на претприемачи кои поминале низ исти или слични дилеми и предизвици во бизнисот. Овој концепт е различен од специјализираните тренинзи, каде истите ги вршат консултанти, обучувачи и тренери.

Размената на искуство функционира на начин на кој се формираат Бизнис групи согласно фазата на раст и развој на бизнисот според методологија на Адижес, и истите во нашиот случај почнуваат од Бизнис групата фаза GROW, но опфаќаат и фаза PRO, односно Бизнис група фаза PRO. Генералните разлики се во тоа што фазата GROW опфаќа компании кои имаат повеќе од 5 вработени, над 150К ЕУР во годишни приходи и се постари од една година на пазарот, додека пак фазата PRO опфаќа компании кои имаат повеќе од 20 вработени, над 500К ЕУР во годишни приходи и се постари од пет години на пазарот.

Бизнис групите фаза GROW & PRO се програми во кои е направена комбинација од услугите во рамки на Платформата за Вмрежување, надополнети со услугите од Платформата за До-едукација, односно сесиите за размена на искуство и затоа истите претставуваат уникатна услуга во нашата држава. Една од најуспешните програми на организацијата се успешно спроведените 13 генерации од истата, кои всушност се група на бизниси кои се селектирани за фаза GROW поради моменталната состојба на раст и развој во која се наоѓаат. Програмата вклучува 8 сесии на забрзан процес на учење, предводен од докажани бизнис основачи во затворена средина или круг од доверба, ограничена на 25 членови по група, каде што сите имаат можност да споделат мислење, да постават прашања и да разменат практики и решенија едни со други.

Темите кои се обработуваат во рамки на оваа програма се:

  1. Лидерство и прашања на кои претприемачите треба да имаат одговор
  2. Подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност
  3. Нови трендови за ефективна и повторлива продажба
  4. Управување со човечкиот капитал кој е се помалку достапен
  5. Финансии за претприемачи и финансиски dashboard
  6. Финансирање на развојот преку средства и алтернативни извори на капитал
  7. Нови канали и иновации за ефективен маркетинг
  8. Специјална тема: Аквизиции, спојувања и стратегии за излез во бизнисот

Целта е да им овозможиме на претприемачите да го дефинираат нивниот пат во развојот на нивната компанија: да ја зголемат продажбата, да го изградат својот бренд и да се организираат навремено за следната фаза на раст и развој. Понатаму да ги поврземе претприемачите со нови деловни контакти кои ќе им ја прошират нивната деловна мрежа локално и ќе создадат нови можности на меѓународно ниво.

Истата е наменета за претприемачи кои брзо напредуваат и се поставени да управуваат со компании независно од комплексноста и големината на истите, основачи и менаџери на млади компании, потенцијални наследници на семејни бизниси (втора генерација), поранешни корпоративни вработени кои стануваат менаџери за првпат, но и претприемачи кои управуваат со големи компании, но имаат потреба од понатамошна до-едукација.

Клучни поенти:

  • Услов е да се биде член
  • Ја предводи гостин-говорник
  • Гостинот е секогаш Претприемач – некој кој го изодел патот
  • Темите во секоја Бизнис група се различни
  • Ограничен број на 25 членови
  • Апликативна само на сопственици на бизниси и decision-makers

Визијата ни е да станеме највредниот ресурс за претприемачите во градењето одржлива и просперитетна бизнис средина на локалниот пазар, па оттука стремежот е константно, ден по ден да ја менуваме парадигмата кај претприемачите кои се стремат да пораснат во лидери и напредуваат, преку инвестирање во заедница на основачи на бизниси, на кои им ја обезбедуваме горенаведената платформа.

Дознај повеќе за бизнис група GROW

    Наспроти претходно наведената бизнис група, во рамки на бизнис групата фаза PRO темите се разликуваат и се насочени кон претприемачи, основачи на компании или директори на растечки корпорации и големи семејни компании кои сакаат да добијат увид и алатки за тоа како да ја подобрат организациската ефикасност, да задржат фокус кон стратегијата, да ја зголемат ангажираноста кај вработените и да ја професионализираат нивната организација, која ќе биде подготвена за посилен домашен или меѓународен раст.

    Темите кои се обработуваат во рамки на оваа програма се:

    1. Како да се справиш со стратешките промени и да ја поставиш организацијата
    2. Организација и анализа на менаџерскиот тим
    3. Стратешка анализа на управување и развој на компанијата и вработените
    4. Финансиска анализа на компанијата и управување со истата преку финансиски показатели
    5. Градење на продажна организација и воспоставување на маркетинг функцијата и основите на маркетинг стратегијата
    6. Професионализација, Внатрешна комуникација, внатрешни процеси, усогласеност со законска регулатива и процедури
    7. Employer branding, ангажораност на вработените и мотивација како за вработените така и за основачите
    8. Франшиза како бизнис модел
    9. Бонус тема: Може да се избере ад-хок основа и врз основа на потребите на членот.

    За сите кои сакаат обезбедуваме дополнително поддршка со индивидуален пристап, каде заедно со консултант, или соработник на CEED идентификуваме цел и план на развој за кој креираме индивидуална врска со претприемач и/или консултант кој ќе ти помогне да ја направиш твојата транзиција.

    Дознај повеќе за бизнис група PRO

      Со приклучување на била која од групите GROW или PRO стануваш член на големиот CEED Бизнис клуб, т.е. заедница на претприемачи.