Блог

Кои се петте најценети претприемачки вештини?

Поимот „претприемач“ се однесува на некој кој гради или работи во сопствен бизнис. Со тоа што има удел во фирмата, претприемачот ужива голем профит ако бизнисот оди добро; но, тој исто така презема голем ризик – многу повеќе од обичен вработен во фирмата/бизнисот. Овој претприемачки ризик може да има неколку форми, вклучувајќи финансиски, кариерен, емотивен или целокупен деловен ризик.

Бидејќи ризикот за започнување и развој на успешен бизнис е голем, постојат специфични вештини кои се најценети кај еден претприемач со цел тој да биде успешен. Во текстот подолу истакнуваме пет од нив!

Што претставуваат претприемачките вештини?

Претприемачите играат клучна улога во економијата, користејќи ги вештините и иницијативите неопходни за предвидување на потребите и носење добри идеи на пазарот. Претприемништвото кое се покажува како успешно во своето преземање ризици, ужива профит и можности за континуиран раст. Претприемништвото кое пропаѓа резултира со загуби и помала преваленца на пазарите за оние кои се вклучени.

Со добри претприемачки вештини, успешно развивање и надградување на истите, несомнено твојот бизнис ќе се најде меѓу оние успешните.

Љубопитност

Големите претприемачи имаат задача да откријат нови проблеми, да откријат потенцијални можности, да го рефакторираат нивниот оригинален деловен процес и да иновираат. Ова зависи од тоа да се биде страстен за различни области и теми, како и деловни случаи надвор од комфорната зона.

Комуникација

Секој претприемач треба да биде ефективен комуникатор. Без разлика дали си самостоен претприемач или водиш поголема компанија, треба да знаеш како ефективно да комуницираш со сите засегнати страни и потенцијални засегнати страни на твојот бизнис.

Императив за еден претприемач е да може да комуницира со вработените, партнерите, клиентите и менторите. Ако еден претприемач не може да ја пренесе вредноста на својата компанија, малку е веројатно дека компанијата ќе биде успешна. Исто така, треба да ги совладаш сите форми на комуникација, вклучувајќи разговори еден на еден и лично, групни разговори, писмена комуникација и е-пошта или онлајн пораки.

Стратешко размислување

Стратешкото размислување претставува знаење како да го разложиш проблемот до неговата суштина и да откриеш можности за потенцијален раст на твојот бизнис. Ова вклучува и пронаоѓање креативни решенија, дефинирање на потенцијалот на твојот бизнис и давање поддршка на вработените, како и тестирање на концепти во ограничено време и со низок буџет.

Фокус

Патот до успешно претприемништво е преполн со подеми и падови. Успешниот претприемач треба да биде способен ефективно да се фокусира кога работите стануваат тешки, а такви моменти секогаш има.

Без разлика низ какви борби поминува, на успешниот претприемач му е потребен неопходен фокус за да внимава и непоколебливо да се стреми кон крајната цел и да може да се потруди да ја постигне истата.

Продажба

Умешноста во продажба оди рака под рака со комуникацијата неопходна за успех на еден претприемач. Како претприемач, треба да си способен „да се продадеш“, односно да го продадеш својот продукт/клиент/бизнис. Еден претприемач треба да ја продаде деловната идеја на потенцијалните инвеститори, производот или услугата на клиентите и себеси на вработените.

Ако еден претприемач може ефективно да комуницира, тој е подобро опремен да ги продава своите идеи и физички производи.

Со зачленување во CEED стануваш дел од единствената активна бизнис заедница за размена на совети и искуства со успешни претприемачи, сопственици и извршни директори во Македонија. Нашите услуги вклучуваат и организирање обуки и програми наменети ексклузивно за CEED членовите, а за одредени обуки постои можност да се вклучат и лица кои не се членови.

CEED е единствениот бизнис клуб во Македонија каде претприемачите учат и споделуваат искуства. CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри што работат на четири континенти со седиште во Вашингтон, којшто го промовира развојот на деловното опкружување и инвестира во растечки компании во светот.

CEED GROW програмата, Програмата за раководители на средно ниво и Програмата за менаџирање продажни тимови се специјализирани за сопственици на бизниси, топ менаџери, млади лидери и раководители.

Повеќе за CEED Македонија и нашите услуги може да прочиташ на нашата веб-страница.