Блог

Кои се најчестите лидерски грешки?

Да се биде лидер подразбира секојдневен голем број на обврски, како што се решавање на тешкотиите на работното место и давање добар пример на тимот. Како личност која ја има контролата, честопати си поставуваш високи стандарди и очекувања, а управувањето со голема група луѓе може да биде застрашувачко.

Сепак, никој не е совршен; секогаш има простор за учење и растење, како и да им помогнеш на колегите да го направат истото. Па затоа се поставува следното прашање: Кои се најчестите грешки што ги прават многу лидери и како да ги избегнеш за да станеш подобар лидер?

  1. Не даваш фидбек

Според истражување од The Ken Blanchard Companies, најчеста грешка што ја прават лидерите е тоа што не даваат фидбек на својот тим. Кога не успеваш да им дадеш навремен фидбек на вработените за нивната работа, им ја ускратуваш можноста да ги подобрат своите перформанси, а со самото тоа и перформансите на твојата компанија.

Научи како да успееш редовно да им даваш фидбек и критика на членовите на твојот тим, со цел да спречиш некогаш да ја направиш оваа лидерска грешка.

2. Не одвојуваш време за твојот тим

Лесно е да се заборавиш во сопствените обврски како лидер или менаџер. Со тоа не си на располагање на сопствениот тим.

Да, имаш проекти, обврски и состаноци кои мора да ги завршиш. Но, членовите на твојот тим мора секогаш да бидат на прво место – ако не си им достапен кога им требаш, тие нема да знаат што да прават и нема да ја имаат потребната поддршка и насока за да ги остварат целите.

Избегнувај да ја правиш оваа грешка така што ќе одвоиш време во сопствениот дневен распоред на обврски за твојот тим, и ќе знаеш како активно да ги ислушаш нивните потреби. Работи на твојата емоционална интелигенцијата за да можеш да бидеш посвесен за состојбата на твојот тим и нивните потреби.

3. Прифаќање непотребна работа

Лидерите обично се наоѓаат на своите работни позиции затоа што се свесни што и кога треба да се направи. Ова најчесто е придружено со идејата дека „ако сакаш нешто да биде како што треба, мора да го направиш сам“, што е опасен менталитет, особено кога управуваш со тим.

Завршувањето или мешањето во работата на твоите вработени само затоа што не е во согласност со твоите стандарди, или неуспехот успешно да делегираш со задачите на тимот, не само што ќе создаде поголем обем на работа за тебе, туку и ќе го спречи твојот тим да го искористи максимумот на својот потенцијал.

4. Преголема пријателска комуникација

Повеќето од нас сакаат да бидат сфатени како пријатни и секогаш достапни за членовите на тимот. На крајот на краиштата, вработените претпочитаат да работат во компанија со чии што идеологии се согласуваат, и во која што работата не ја чувствуваат како потешкотија. Сепак, како лидер некогаш ќе треба да ги евалуираш вработените, а некои луѓе ќе бидат склони да го искористат твоето пријателство ако вашата комуникација тече на премногу пријателски начин.

Ова не те спречува да се дружиш со својот тим. Но, мора да поставиш јасна рамнотежа помеѓу тоа што значи да се биде пријател, а што значи да се биде лидер на тимот. Постави јасни граници за членовите на тимот да не се најдат во искушение да те искористат.

5. Не поставуваш јасни цели

Кога твојот тим нема јасни цели, нивните денови на работа наликуваат на комплетен хаос. Тие не можат да бидат продуктивни ако не знаат зошто работат или што за тимот претставува нивното вработување. Тие, исто така, не можат соодветно да одредат приоритети на нивниот обем на работа, што резултира со проекти или активности кои се прават на погрешен начин.

Научи како да воспоставите SMART цели за вашиот тим за да избегнете да ја направите оваа грешка. Наведи ги целите на твојот тим и ресурсите што му се достапни, сѐ со цел да се оствари мисијата на компанијата.

6. Неуспешно делегирање

Некои менаџери одбиваат да делегираат затоа што веруваат дека никој друг освен самите нив не е способен адекватно да ги извршува критичните задачи во компанијата. Ова може да доведе до големи проблеми кога нивната работа ќе стане пренатрупана, а тие исфрустрирани.

Делегирањето бара значителен напор однапред. Можеби е тешко да му веруваш на тимот дека ќе ја изврши задачата ефикасно. Меѓутоа, ако не делегираш должности, никогаш нема да имаш време да се фокусираш на „поголемата слика“ за која си одговорен како лидер и менаџер. Понатаму, нема да успееш во својата замисла да водиш тим кој меѓусебно ќе си помага.  

Сите ние правиме грешки, но има и такви кои лидерите и менаџерите ги прават повеќе од другите. Правењето грешка може да биде искуство од кое нешто ќе научиш, но вложувањето напор да разбереш како да ги откриеш и спречиш најчестите лидерски грешки, од друга страна, може да ти помогне да станеш попродуктивен и поуспешен, како и високо ценет од твојот тим.

Тука настапува CEED Македонија. CEED е единствениот бизнис клуб во Македонија каде претприемачите учат и споделуваат вештини и искуства едни со други. CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри што работат на четири континенти со седиште во Вашингтон, којшто го промовира развојот на деловното опкружување и инвестира во растечки компании во светот.

Со зачленување во CEED стануваш дел од единствената активна бизнис заедница за размена на совети и искуства со успешни претприемачи, сопственици и извршни директори во Македонија. Нашите услуги вклучуваат и организирање обуки и програми наменети ексклузивно за CEED членовите, а за одредени обуки постои можност да се вклучат и лица кои не се членови.

CEED GROW програмата, Програмата за раководители на средно ниво и Програмата за менаџирање продажни тимови се специјализирани за сопственици на бизниси, топ менаџери, млади лидери и раководители.

Повеќе за CEED Македонија и нашите услуги може да прочиташ на нашата веб-страница.