Секој претприемач мора да знае како ефективно да се поврзе со клиентите. Ефективното поврзување со клиентите резултира со поголема лојалност и долгорочна соработка. Лојалните клиенти со текот на времето се претвораат и во амбасадори на брендот.
Како една од најважните алатки за градење квалитетни врски со клиентите е автентичноста. Таа доаѓа од познавањето на себеси, создавањето и водењето на бизнис кој добро се вклопува во животите на клиентите. Клиентите се повеќе склони да се идентификуваат со поединец или бренд кој промовира вредности што им се важни. Научи како автентичноста да биде твојата главна алатка во постигнување на твоите претприемачки цели.
-
Сакај го тоа што го работиш
Сè започнува со твојата љубов кон она што го работиш. Како претприемач, големи се шансите една од твоите страсти да е секогаш да понудиш решение за одреден проблем. Сепак, патувањето до остварување на визијата може да биде исполнето со толку многу предизвици кои имаат за цел да ја намалат твојата трудољубивост. И покрај подемите и падовите, мора искрено да го сакаш она што го работиш.
2. Негувај ги твоите силни страни
Друг начин за проектирање на твоето автентично Јас е да ги манифестираш твоите најдобри особини. Идентификувањето и негувањето на твоите силни страни може да те вивне кон голем успех како претприемач. Тие можат помогнат да ги привлечеш вистинските клиенти за твојот бизнис.
3. Промовирај автентичност во бизнисот
Илјадници потенцијални кандидати ги поседуваат вистинските квалификации кои се потребни за твојот бизнис. Сепак, само мал број навистина може да помогне твојата компанија да ги придобие вистинските клиенти. При процесот на селекција, од суштинско значење е да ги препознаеш уникатните луѓе, чии страсти и вредности се усогласуваат со твоите и му се потребни на твојот бизнис. Ако вработуваш стратешки, ќе изградиш тим од автентични луѓе, што ќе го олесни одржувањето на твоите претприемачки идеали на вистинскиот пат.
4. Разговарај со сите
Без разлика на сите обврски и деловни цели кои доаѓаат со твојата позиција во команијата, интеракцијата со вработените на редовна основа е од суштинско значење. Градењето цврсти и автентични односи со персоналот е лесен начин да им се пренесе културата на автентичност. Општо земено, како и клиентите, и вработените имаат тенденција да ги имитираат лидерите кои поседуваат посакувани особини.
5. Биди пример
И покрај тоа што вработените го разбираат описот на нивните работни места и очекувања, културата на компанијата во голема мера е под влијание на нивните перформанси. За да се истакнеш како автентичен претприемач, мора да бидеш пример за твоите вработени. Како што споменавме погоре, вработените ќе бидат повеќе склони да те имитираат ако проектираш посакувано лидерство.
6. Биди автентичен(на) на социјалните медиуми
Многу претприемачи сокриваат голем дел од нивната работа од социјалните медиуми со изговор дека „проектираат позитивен имиџ на брендот“. Точно, заштитата на брендот е од витално значење, но не мора да „лажеш“ за да го постигнеш тоа. Да се биде релевантен на социјалните медиуми е прилично едноставно. Треба само да креираш содржина која резонира со твојата публика, како би привлекол(ла) публика која ги споделува твоите вредности.
7. Сакај се себеси безусловно
Каква врска има да се сакаш себеси со автентичноста? Секаква. Во суштина, не можеш да ги сакаш и да се грижиш за потенцијалните клиенти повеќе отколку што се сакаш и се грижиш за себе. Безусловната љубов кон себеси лесно се пренесува и на другите, а автентичноста во тој чин освојува повеќе поени кај потенцијалните клиенти.
8. Изгради автентични врски со клиентите
Клиентите се спас на секој бизнис. Градењето автентични врски со нив може многу да помогне кон стекнување на нивната лојалност и долгорочна соработка. Ова може да биде преку офлајн и онлајн интеракции. Онлајн интеракциите нудат повеќе можности за создавање и одржување на овие врски преку социјалните медиуми, веб-страниците, е-поштата, итн. Сепак, целта е да се негуваат автентични комуникации и да се истакне твојата човечка страна за да се предизвикаат вистинските емоции за подлабоки врски.
9. Максимална автентичност во CEED Македонија
CEED е единствениот бизнис клуб во Македонија каде претприемачите учат и споделуваат вештини и искуства едни со други. CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри што работат на четири континенти со седиште во Вашингтон, којшто го промовира развојот на деловното опкружување и инвестира во растечки компании во светот.
Со зачленување во CEED стануваш дел од единствената активна бизнис заедница за размена на совети и искуства со успешни претприемачи, сопственици и извршни директори во Македонија. Нашите услуги вклучуваат и организирање обуки и програми наменети ексклузивно за CEED членовите, а за одредени обуки постои можност да се вклучат и лица кои не се членови.
CEED GROW програмата, Програмата за раководители на средно ниво и Програмата за менаџирање продажни тимови се специјализирани за сопственици на бизниси, топ менаџери, млади лидери и раководители.
Повеќе за CEED Македонија и нашите услуги може да прочиташ на нашата веб-страница.