Блог

CEED Македонија со отворен повик до претприемачи и топ менаџери

CEED Македонија со отворен повик до претприемачи и топ менаџери со релевантно бизнис искуство и експертиза во одреден бизнис сегмент, што сакаат, можат и имаат желба да го споделат своето бизнис искуство и експертиза со следната генерација на претприемачи и менаџери!

CEED е единствената платформа за вмрежување и доедукација во Македонија која нуди приспособена и искрена комуникација, во затворен круг на поединци од доверба, кои ја делат истата мисија.

Од основањето во 2007 година, во Македонија работиме на доедукација и вмрежување на преку 2000 членови од над 700 компании.

CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри, оперативен во 18 држави, низ 4 континенти.

Нашето верување е дека единствено преку развој и поддршка меѓу сопствениците на бизниси можеме да ја трансформираме бизнис климата и инспирираме полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

Во сегментот на доедукација, преку услугата: размена на искуства ги поврзуваме учесниците со најкомпетентните претприемачи од нашата земја во улога на гости говорници на соодветната бизнис група.

Гостин говорник е претприемач или топ менаџер кој го „изодел патот“ со експертиза и практично искуство од реалниот бизнис, кој е подготвен несебично да го сподели своето знаење и научени лекции на одредена тема што е негова/нејзина експертиза.

Во оваа насока, ја прошируваме нашата база на гости говорници кои со несебично инвестирање на нивното време, експертиза и искуство ќе придонесат за доброто на следната генерација на претприемачи и менаџери во Македонија.

Профил на CEED гостин говорник:

  • Активен претприемач или топ менаџер,
  • Локално и/или интернационално признаен како успешен претприемач или топ менаџер, вообичаено со 10+ години бизнис искуство,
  • Поседува релевантно искуство на одредена бизнис тема и може да одговори на предизвиците на учесниците,
  • Може ефикасно да комуницира и е подготвен да го сподели не само сопственото позитивно, туку и негативно бизнис искуство,
  • Подготвен е да инвестира дел од своето време и да пренесе конкретни професионални совети, без притоа да очекува нешто за возврат.

Искажување интерес и процес на апликација

Ако се стремите да придонесете кон мисијата и верувањето на CEED Македонија, да придонесете кон личен благороден и филантропски развој преку помагање и пренесување на знаењето и сопствените научени лекции, ве каниме да ја доставите вашата апликација за CEED гостин говорник.

Ќе ни биде чест да ве запознаеме и поканиме на иницијална заедничка средба во рамки на која заедно со нашиот тим ќе направиме идентификација на компетенциите, темите и искуството со цел да процениме каде вашето искуство би било најсоодветно.

За повеќе информации контактирај не на: [email protected]