Новости

Известување за почеток и формирање на генерација 16 од програма GROW

Како резултат на напорната работа, зајакнатиот тим и агенда, после 16 години успешно спроведување на програмата и поддржување на повеќе од 350 претприемачи од нашата држава, во 2023 година CEED Бизнис клубот силно се посвети на растот на нови членови и за прв пат формираше 2 (две) нови генерации на компании кои спаѓаат во фаза на раст и развој – GROW во само 1 (една) година.

Тоа што претставува особена гордост на тимот на CEED Бизнис клубот е дека се создадени услови да се формира и нова 3-та генерација во истата година. Програмата започнува на 24.01.2024, а пријавите се отворени до крајот на Декември 2023. На редовната цена за пријава во предвидениот рок е предвиден до 25% попуст.

Ретроспективата на развојот на CEED Бизнис клубот во 2023 година е обележана како 16 година традиција, модернизирана со 21-ви век агенда, зајакната со лидерство на претприемач, која прераснува во клуб со повеќе од 100 компании, членови.

Вредно за напомена е дека за прв пат од постоењето на CEED Бизнис клубот, како и превземање на водството од страна на Филип Димитровски, клубот формираше Управен Одбор чија главна улога врз организацијата е:

  • Финансирање на растот и развојот
  • Зајакнување на мисијата и визијата 
  • Ре-дефинирање на стратегијата
  • Подобрување на годишниот план

Компаниите членови на Управниот Одбор се: Бреинстер, Пиксел и Бизнис мрежа.


Следејќи ги стапките на успешните компаниите кои станаа дел во претходните групи, а кои претставуваат синоним на успех во регионот, CEED Бизнис клубот одлучи да го отвори повикот за пријава и формирање на генерација 16 порано за 2024 година, односно до крај на Декември 2023.

Во продолжение се дел од компаниите, членови и учесници во програмата GROW кои се дел од генерациите:

  1. БЕДА ТРАНС – Модерен логистички партнер со иновативни решенија за транспорт
  2. SIXT Rent a Car – Пионери за краткорочно изнајмување и долгорочен лизинг на возила
  3. FLEX credit – Најбрзо растечко fintech друштво за микрофинансирање во МК и регионот 
  4. БРЕИНСТЕР – Апсолутен лидер во доменот на до-едукација и преквалификација на работен кадар
  5. ТАРГЕТ ГРУП и БИЗНИС МРЕЖА – Компанија со уникатен софтвер за анализа и носење на smart бизнис одлуки.
  6. ПИКСЕЛ – Партнер за дигитална трансформација и дигитални продукти за созревање на бизнисите
  7. SEMOS едукација – број. 1 ИТ едукативен центар за обука во Европа и пошироко

Што претставува Програмата GROW?

12 месечна напредна програма која предвидува групни сесии за размена на искуствo фокусирани за претприемачи чиј главен предизвик е развивање на нивниот бизнис. Истата обезбедува знаење и вмрежување потребно за зголемување на продажбата и раст на компанијата, но и постигнување на претприемачка зрелост.

Програмата не ги сегментира компаниите по индустрија, тип на бизнис или целна публика, но е дефинирана и фокусирана на решавање на проблеми кои се јавуваат во слични фази на раст и/или развој, актуелни претприемачки проблеми и предизвици на пазарот.

Како функционира?

Предвидени се 9 сесии на забрзан и интензивен процес на учење, предводен од докажани бизнис основачи и претприемачи. Групите се ограничени на 20 членови, каде што сите имаат можност да се стекнат со вештини, да постават прашања и да разменат практики и решенија едни со други. Со приклучување на групата GROW се станува член на големата CEED заедница, т.е. Бизнис клуб, каде се создава можност за вмрежување и запознавање на други претприемачи за време на настаните за вмрежување.

Кои теми се обработуваат?

  1. Лидерство и прашања на кои претприемачите треба да имаат одговор
  2. Подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност
  3. Нови трендови за ефективна и повторлива продажба
  4. Управување со човечкиот капитал кој е се помалку достапен
  5. Финансии за претприемачи и финансиски dashboard
  6. Финансирање на развојот преку средства и алтернативни извори на капитал
  7. Нови канали и иновации за ефективен маркетинг
  8. Специјална тема: Аквизиции, спојувања и стратегии за излез во бизнисот

За кого е наменета?

Претприемачи, сопственици на бизниси и извршни директори или менаџери кои успешно управуваат со компанија.


CEED Бизнис клубот во Северна Македонија е водечки бизнис клуб со уникатна и докажана платформа за вмрежување и до-едукација, веќе 16 години наназад. Од основањето во 2007 година се работи на до-едукација и вмрежување на преку 2000 членки во светот, а воедно е и дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри, оперативни низ 18 држави, на 4 континенти. Верување на организацијата е дека единствено преку развој и поддршка меѓу сопствениците на бизниси може да се трансформира бизнис климата и да се инспирира полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.