Блог

Како AI може да му помогне на твојот бизнис?

Вештачката интелигенција (AI) повеќе не е само футуристички, туку и мејнстрим концепт. Бизниси од сите големини веќе ја прифаќаат оваа технологија за да ги подобрат своите услуги.

AI може да му помогне на твојот бизнис на неколку начини, од автоматизирање на повторувачки задачи до обезбедување увиди кои ќе ти помогнат да ги подобриш своите бизнис одлуки. Потенцијалот на вештачката интелигенција може да ти помогне да добиеш повеќе клиенти, да обезбедиш уште подобри услуги и да ја задржиш лојалноста е огромен.

И што е најважно, вештачката интелигенција може да го ослободи твоете време, овозможувајќи ти да се фокусираш на тоа што го правиш најдобро – водење на твојата компанија.

Во текстот подолу ти ги претставуваме најдобрите 5 начини на кои AI може да му помогне на твојот бизнис:

1. Автоматизација

Еден од најочигледните начини на кои вештачката интелигенција може да му помогне на твојот бизнис е преку автоматизација. Автоматизирањето на задачите може да ослободи време за твоите вработени да се фокусираат на покритични работи.

Постојат неколку различни начини на кои можеш да го автоматизираш твојот бизнис, како што се:

  • Корисничка поддршка: Можеш да користиш чет-ботови со цел справување со прашањата поврзани со разните услуги кои бизнисот ги нуди, ослободувајќи го твојот тим за да се фокусира на посложени прашања.
  • Продажба: Технологијата може да ја автоматизира продажбата, од генерирање на потенцијални клиенти до затворање зделки.
  • Маркетинг: Може да ти помогне да ги автоматизираш своите маркетинг кампањи, од создавање персонализирана содржина до испраќање е-пошта.

Способноста да бидеш тука за твоите клиенти на сите платформи, од веб до мобилен, може да ти помогне да обезбедиш 24/7 корисничка помош и да им помогнеш на специјалистите за грижа за клиенти побрзо да дојдат до оние со најкомплицираните проблеми. 56% од милениумците се префрлиле од една во друга компанија поради лошата корисничка помош.

2. Лесно и брзо носење одлуки

Вештачката интелигенција исто така може да помогне да донесуваш подобри бизнис одлуки. Со анализа на податоци и идентификување на патерни (обрасци), вештачката интелигенција може да даде увид во она што можеби си го пропуштил.

На пример, AI може да се користи за:

    • Идентификување нови можности за продажба: Со анализа на податоците за твоите клиенти, вештачката интелигенција може да ти помогне да идентификуваш нови клиенти.
    • Оптимизирање на маркетинг кампањи: AI може да помогне да ги анализираш твоите маркетинг податоци со цел да видиш што функционира, а што не. Така ќе можеш да направиш прилагодувања за да ги подобриш резултатите.

3. Мониторинг на брендот

      Без разлика дали ни се допаѓаат или не, критиките се важни – а лошите критики секогаш се задржуваат повеќе во главите на луѓето отколку добрите.

      Читањето и анализирањето на сите критики што постојат за твојот бизнис на интернет и на социјалните медиуми – како и можноста да се одговори навремено – е тешка задача. Но, вештачката интелигенција може да им помогне на бизнисите да разберат што мислат клиентите за нив и зошто луѓето го оценуваат брендот на одреден начин.

      • Анализа на податоци

      Анализата на податоците ти дава детален увид во повеќе аспекти на водењето на твојот бизнис.

      Со брзата и длабока анализа можат да се видат можностите за подобрување на маркетинг пристапот на твојата компанија, или пак можностите за зголемување на продажбата на твоите услуги.

      На пример, вештачката интелигенција може брзо да анализира огромни количини на податоци и да ти помогне да се фокусираш на изнаоѓање подобра стратегија за цени врз основа на податоците за твоите конкуренти, или пак може да ти помогне да предвидиш колку клиенти ќе имаш следниот месец.

      • Измами

      Со зголемувањето на присутноста на бизнисите на интернет, потенцијалните неверојатни трошоци за финансиски измами, особено кај малите бизниси, стануваат сериозен проблем. Традиционалните системи за откривање измами бараат рачен напор со полно работно време, со цел да бидат во чекор со измамниците кои секојдневно напаѓаат со нови идеи и закани.

      Апликациите за вештачка интелигенција користат машинско учење за да отријат веројатна измама со следење на трендовите додека ги менуваат и анализираат основните системски шеми. Придобивките се очигледни, бидејќи веројатната измама се открива побрзо, избегнувајќи ги потенцијалните трошоци што може истата да ги предизвика, и ослободувајќи го времето потрошено за рачно ажурирање на безбедносните системи.