Блог

GROW PLUS Програма

Бизнис група – фаза GROW PLUS е напредна едногодишна програма, која следи по завршување на бизнис група – фаза GROW програмата и е фокусирана на усовршување на персоналните и менаџерски вештини што се од суштинско значење за секој претприемач.

Фазата GROW PLUS не е дефинирана по индустрија, тип на бизнис или целна публика, но е дефинирана и фокусирана на решавање на проблеми кои се јавуваат во слични фази на раст и/или развој, слични предизвици и трендинг претприемачки проблеми и предизвици на пазарот.

Како функционира оваа програма?

Учество во 9 сесии на забрзан и интензивен процес на учење, предводен од докажани бизнис основачи и претприемачи, дополнително зајакнати и со коучинг експертиза, во затворена средина или круг од доверба. Групата е ограничена на 25 членови, каде што сите имаат можност да се стекнат со вештини, да постават прашања и да разменат практики и решенија едни со други. На барање на учесниците, дополнително обезбедуваме индивидуална подршка, каде заедно со коуч, или соработник на CEED идентификуваме цел и план на развој за кој креираме индивидуална врска со претприемач и/или обучувач кој ќе ти помогне да ја направиш твојата транзиција. Со приклучување на групата GROW PLUS стануваш член на големата CEED заедница на претприемачи, т.е. бизнис клубот, кои ќе ги сретнеш за време на настаните за вмрежување.

Кои теми се обработуваат во рамки на оваа програма?

1. Хакерски водич за совладување на мајсторијата на лидерството
2. Мерење на организациски перформанс преку користење на интерната комуникација
3. Ситуациско лидерство и правилно менаџирање со луѓе на база на компетенции и мотивација
4. Преку инспиративно лидерство до инспирирани клиенти и ефикасно зголемување на продажбата
5. Иднината на работењето и фактори кои влијаат врз мотивацијата на клучните вработени
6. Вештини за влијание кон луѓето, ефективно слушање и важноста од примена на коучинг како алатка
7. Градење компетитивна предност преку иновациски менаџмент во било кој бизнис
8. Напредни преговарачки вештини и презентирање со импакт
9. Бонус тема: ад-хок врз основа на потребите на членовите

За кого е наменета оваа програма?

Претприемачи, сопственици на бизнис и менаџери кои успешно ја завршиле и комплетирале бизнис група – фаза GROW програмата.

Кога е стартот на GROW PLUS програмата?

01.09.2023


Контактирај нѐ на овој телефонски број +389 76 496 614 за повеќе информации.

CEED го задржува дискреционото право да ги приспособи и/или измени критериумите врз основа на потребите и очекувањата на клубот.