Ефективната комуникација со твојот тим е императив во лидерската улога. Една стара мудрост вели: „Не е важно што кажуваш, туку како го кажуваш тоа“. Добрата комуникација е она по што најдобриот лидер се разликува од останатите. Да се има ефективни комуникациски вештини е клучот за добро лидерство.
Добрата комуникација со твојот тим помага да се елиминираат недоразбирањата и може да поттикне здрава и мирна работна средина. Ефикасната и отворена комуникација со тимот исто така ќе ти овозможи да ја завршиш работата брзо и професионално. Во моментот кога ќе станеш отворен за комуникација со тимот, процесот на извршување на задачите и проектите ќе тече без никаков проблем. Плус, ќе бидеш изненаден како исполнувањето на целите ќе стане многу полесно.
Начини за создавање ефикасна комуникација на работното место
1. Отворен состанок
Полесно е да ја пренесеш твојата страст, чувства и желба за работа со тимот преку отворени состаноци. На ваква средба не само што ќе слушнат што зборуваш, туку и ќе го видат, почувствуваат и разберат твојот став. Овој пристап сè уште останува еден од најдобрите пристапи за ефективно комуницирање со еден тим. Со цел за уште поефикасен состанок, најдобро е секогаш да постои визуелен приказ од крајниот резултат или пример од тоа што се очекува за испораката да биде во насока на очекувањата.
2. Еден на еден
Докажано е дека дека некои луѓе подобро разбираат кога со нив ќе организирате состанок настрана од колегите, на основа еден на еден. Особено важно менаџмент правило е дека пофалбата секогаш се прави јавно, но корекцијата секогаш во приватност. Исто така осигурај се дека одржувате контакт со очите со цел твојата порака да допре до нив, како и да добиеш искрен feedback од нивна страна.
3. Создадете позитивна атмосфера
За ефективна комуникација со тимот, мора да создадеш позитивна атмосфера. Напната средина треба да се избегнува по секоја цена, бидејќи комуникацијата на премногу интензивен начин, допринесува пораката што се обидуваш да ја споделиш да не биде добро разбрана или задржана.
Не преминувај веднаш на главната тема, пробај да го омекнеш почетокот на начин на кој прво ќе зборуваш општо, а потоа фокусирано.
4. Покажи самодоверба
Биди сериозен во тоа за кое се залагаш. Води низ сопствен пример и почитувај ги правилата кои ги наметнуваш. Покажи самодоверба за да се осигураш дека вработените нема да те „земат здраво за готово“. Кога членовите на твојот тим ќе забележат каква било несигурност и несериозност при комуникацијата со нив, тие веројатно ќе ги третираат информациите со голема непочит.
5. Користи едноставни зборови и изразувај се концизно
Секој човек нема ист вокабулар како тебе. Затоа, со цел за ефективна комуникација со членовите на тимот, користи зборови што можат лесно да се разберат. Кога се користат двосмислени зборови, различни терминологии и/или слично, може да бидеш погрешно разбран/а и/или да се изгуби драгоцено време во непотребно дообјаснување.
6. Ислушај ги членовите на тимот
Комуникацијата е наменета да биде “two-way-street”. Не зборувај само затоа што ти си лидер, без да ги ислушаш останатите. Активното слушање во денешно време е неопходно. Охрабри ги да се отворат со цел подобро да се запознаеш со нивната ситуација при идни комуникации. Имаш две уши и една уста – затоа мора да слушаш повеќе отколку што зборуваш.
7. Користи го говорот на телото
Твојот говор на телото ќе ја пренесе твојата порака побрзо и подобро. Совладај ја уметноста на користење на говорот на телото при комуникација со тимот. Застани/седи исправено, користи насмевки, ракување и контакт со очите. Дозволи му на својот тим да види како ги правиш сите работи што ги бараш од нив и гледај како расте и нивната самодоверба во работата.
8. Комуникација преку обука/тренинзи
Организирај обуки/тренинзи кои треба да бидат прилагодени на комуникација на одредени информации до членовите на тимот. Повеќето вработени сериозно ја сфаќаат обуката, особено кога тоа ќе допринесе до нивниот понатамошен кариерен развој.
9. Стани член на CEED Македонија
CEED е единствениот бизнис клуб во Македонија каде претприемачите учат и споделуваат искуства. CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри што работат на четири континенти со седиште во Вашингтон, којшто го промовира развојот на деловното опкружување и инвестира во растечки компании во светот.
Со зачленување во CEED стануваш дел од единствената активна бизнис заедница за размена на совети и искуства со успешни претприемачи, сопственици и извршни директори во Македонија. Нашите услуги вклучуваат и организирање обуки и програми наменети ексклузивно за CEED членовите, а за одредени обуки постои можност да се вклучат и лица кои не се членови.
CEED GROW програмата, Програмата за раководители на средно ниво и Програмата за менаџирање продажни тимови се специјализирани за сопственици на бизниси, топ менаџери, млади лидери и раководители.
Повеќе за CEED Македонија и нашите услуги може да прочиташ на нашата веб-страница, https://ceed.mk/.