Blog

Кои се најдобрите платформи за промоција на твојот бренд?

Како претприемач и лидер во твојата компанија, корисно е да знаеш повеќе информации за најпопуларните социјални медиуми во моментов, што ќе ти овозможи да го максимизираш досегот на твојот бренд/компанија на социјалните медиуми и во јавноста, да се поврзеш со вистинските луѓе и да ги постигнеш своите цели.

Кога ќе ги одбираш вистинските медиуми за својот бренд, треба да имаш на ум дека не е важна само популарноста на социјалниот медиум. Важно е дали страницата е соодветна за твојот бизнис и за тебе. Дали одговара на имиџот на твојот бренд? Дали твојата целна публика ја користи таа страница на социјалните медиуми? Со колку социјални медиуми можеш да управуваш одеднаш?

За да ти ги олесниме работите, истражувавме и составивме информации за најдобрите платформи за промоција на твојот бренд во 2023 година. Некои ти се веќе познати, додека други можеби прв пат ги среќаваш. Препорачуваме да ја прочиташ оваа листа за да дознаеш повеќе за платформите кои би можеле да бидат одлични за твојот бренд. И запомни, не мора да бидеш на сите социјални медиуми за да имаш успешен бренд.

  1. Facebook

Facebook е најголемиот социјален медиум, со речиси 3 милијарди активни профили месечно. Ова значи дека околу 37% од светската популација се корисници на Facebook.

Повеќе од 200 милиони бизниси (најчесто мали бизниси) користат алатки на Facebook, а повеќе од седум милиони огласувачи активно го промовираат својот бизнис на Facebook, што го прави прилично безбедно место за промоција.

Лесно е да се започне со Facebook бидејќи скоро сите формати на содржина функционираат одлично – текст, слики, видео содржини и стори формати. Важно е да се напомене дека алгоритмот на Facebook дава приоритет на содржината што предизвикува повеќе интеракции (engagement) меѓу луѓето.

  • YouTube

YouTube е платформа за споделување видеа каде што корисниците секојдневно поминуваат многу часови. Покрај тоа што е втор најголем социјален медум, YouTube често се нарекува втор по големина пребарувач по Google, неговата матична компанија.

Значи, ако користиш видео за да го промовираш твојот бизнис, тогаш дефинитивно треба да го додадеш YouTube во твојата маркетинг стратегија.

  • Viber и WhatsApp

Viber, една од водечките светски апликации за бесплатни пораки, е одлична за претприемачите и напредокот на нивниот бизнис. Viber Community им дава предности на бизнисите преку искористување на моќта на двонасочните разговори со нивните клиенти, додека функцијата Channel на апликацијата овозможува отворање на дискусии со корисниците со цел добивање повратни информации во врска со услугите, што е важен аспект на бизнисите во денешно време.

WhatsApp е апликација за споделување пораки што ја користат луѓе во над 180 земји. Деловната платформа на WhatsApp им овозможува на бизнисите да обезбедат корисничка поддршка и да споделуваат ажурирања со клиентите за нивните бизниси. За малите бизниси, постои апликација WhatsApp Business, додека претпријатијата можат да користат WhatsApp Business API.

Viber и WhatsApp полека стануваат вистински клуч за успехот на претприемачите доколку истите искрено ги слушаат своите клиенти и веднаш дејствуваат на нивните повратни информации, прашања и преференци.

  • Instagram

Како визуелна платформа за социјално вмрежување, Instagram е место за прикажување на твоите производи или услуги со фотографии или видеа. На апликацијата, можеш да споделуваш широк опсег на содржини како што се фотографии, видеа, стори формати, carousel формати, видеа во живо и reel формат за видеа со подолга форма.

Како бренд, можеш да креираш деловен профил на Instagram, кој обезбедува богата аналитика на објавите. Тоа е исто така одлично место за добивање содржини генерирани од корисниците од твојата публика, бидејќи корисниците често споделуваат содржини и означуваат брендови.

  • ТikTok

TikTok е апликација за споделување видеа во кратки форми. И покрај тоа што беше лансирана во 2017 година, таа е една од најбрзо растечките апликации во светот и неодамна го надмина Google како најпосетувана интернет страница.

TikTok им овозможува на корисниците да креираат и споделуваат видеа долги помеѓу 15 и 60 секунди, а апликацијата има огромен избор на звучни ефекти, музички исечоци и филтри за подобрување на видеата. Може да најдеш видеа кои се однесуваат на речиси сите интереси, почнувајќи од синхронизација на усни, танцување и предизвици, до трикови и упатства за подобрување на секојдневието. Околу 47,4% од корисниците на TikTok во САД се на возраст од 1 до 29 години. Значи, ако твојата целна демографија е млада, тогаш TikTok е одлична платформа за одлична промоција на твојот бизнис.