Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб страна и помагате на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната ги сметате за најинтересни и корисни.
Клуб на бизнис ангели
Научи како да станеш бизнис ангел и инвестирај во иновативни, растечки стартапи
Зачлени се во Клубот на бизнис ангели!
Можност за инвестирање во квалитетни стартапи
До сега инвестирани над 300.000 евра во 7 инвестиции и
1 излез
За да бидеш дел од CEED Клубот на бизнис ангели потребно е да имаш волја да помагаш на претприемачи кои се на почетокот од патот до успехот преку: финансиска поддршка, менторство, контакти, советувања, индивидуални средби. Во однос на техничките услови, потребно е да:
- Имаш водено/да водиш бизнис најмалку 6 години
- Да одвоиш 5.000 – 10.000 еур годишно за инвестирање во стартапи
- Да одвоиш време за обуки спроведени од CEED со цел подобри инвестиции и поголем бенефит за тебе и стартапот во кој инвестираш
- Да одвоиш време од неколку часа месечно за поддршка / средби со стартапи
- Да платиш годишна членарина.
Што ќе добијам од членство во Клубот на Бизнис Ангели?
Може да се обучиш и да станеш инвеститор во мали брзорастечки компании и со тоа да стекнеш финансиска добивка, како и да направиш импакт во заедницата преку помош на млади и перспективни претприемачи, преку:
Најмалку 2 pitching сесии годишно
Подготвени стартапи за инвестирање
Можност за инвестирање во квалитетни стартапи
Редовни обуки од врвни европски и светски бизнис ангели
Peer learning од други бизнис ангели
Покани за учество на меѓународни настани
Вмрежување и контакти со релевантни лица од екосистемот
Членство во CEED заедницата
Членство во EBAN (European Business Angel Network) преку членството на CEED
CEED Клубот на бизнис ангели го развиваме од 2014 година, и до сега имаме 7 инвестиции и 1 излез, со инвестирани над 300.000 евра.
Преку CEED Клубот на бизнис ангели станав сертифициран бизнис ангел и учам од бизнис ангели кои имаат искуства со меѓународни инвестиции и паметно инвестирање на капитал.